Бомбер јакните се еден од најголемите трендови за оваа сезона и тие се едно од омилените парчиња на бројни трендсетерки ширум светот.
Бомбер јакните во моментот се поинтересни од било кога досега и познатите ИТ девојки сега ги носат на префинет и шик начин. Можете да ги носите во комбинација со сандали со високи потпетици (звучи предизвикувачки, нели?), скини фармерки или кратки фустани, и ќе изгледате фамозно! На модните недели можеме да видиме како девојките ги носат дури и со капути, а како и со впечатливи парчиња и модни додатоци се добиваат поприлично интересни стајлинзи. Класичарките ги носат со темни фармерки и маица со принт, додека една од најпопуларните комбинации е инспирирана од винтиџ фармерки со висок струк во комбинација со дебели топли ролки. Погледнете!
















You must be logged in to post a comment Login