Кога ќе почувствуваме дека сме поистоштени од вообичаено и немаме сила ниту за работа, ниту за било какво физичко напрегање, значи имаме потреба од заздравување на телото. Тоа може да се должи на пад на имунитеот или стрес. И во двата случаи ќе ви помогне следниот еликсир.
Потопете 100гр сгмечени смокви (свежи или сушени) во 2 чаши врела вода и оставете ги на слаб оган да крчкаат во продолжение на 15 минути. Потоа оставете ги да одстојат 2 часа и на крајот исцедете ги. Пијте од сирупот, без дополнително да го засладувате, по 100мл пред секое јадење (3 пати на ден).
Овој лек многу ќе ви помогне во нормализирање на работата на стомакот и цревата. За најдобри резултати продолжете ја процедурата 3-4 дена.

You must be logged in to post a comment Login