Пред да се упатите кон фризерскиот салон обидете се да ја опоравите косата.
Потстрижувањето не е секогаш единствено решение па дури и кога е во прашање премногу оштетена коса. Ви донесуваме еден едноставен и делотворен рецепт за маска за коса.
Потребно ви се: банана,две лажици мајонез,една лажица маслиново масло.
Бананата изгмечете ја,додадете ги остаанатите состојки и измешајте додека се добро не се соедини. Маската нанесете ја на косата,замотајте ја косата со пластична вреќичка или фолија ,па на крај со крпа.Оставете ја да делува еден час,потоа измијте ја со топла вода и на крај исплакнете ја на вообичаен начин.

You must be logged in to post a comment Login