Дали знаевте дека косата може да ја потемните на најприроден начин? Еве како:
110 гр свежа жалфија или 50 гр суви ливчиња ситно исецкајте ја и варете ја на тивок оган во 225 м јаболков оцет. Исцедете ја течноста. Кога ќе се излади додајте малку каолин во прав, се додека не добиете доволно густа смеса. Додајте ја жолчката која ќе делува како балзам. Ако имате сува коса ставете една лажица маслиново масло.
Маската нанесете ја како што ја нанесувате фарбата за коса, од темето кон врвот. Оставете нека делува 30 минути. На крајот измијте ја косата со млака вода и шампон.

You must be logged in to post a comment Login