Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Фитнес

Прекрасно обликувани раце за само 15 минути

Фустаните со прерамки ги истакнуваат вашите рамена, горниот дел на грбот и рацете. Оваа вежба ќе ги обликува сите тие места. правете ги овие вежби едно подруго без одмор помеѓу. Правете една минута пауза помеѓу секоја етапа.

1. Стоечки во “V” форма

1

Држете тегови во двете раце и застанете со нозете во ширина на раменици. Кревајте ги теговите дијагонално пред вас, така што рацете прават “V” форма до висина паралелна на подот. Држете една секунда и потоа вратете во почетна положба. Направете 12 до 15 повторувања.

2. Притисок на раменици

2

Држејќи пар на тегови над рамениците, застанете со раширени нозе и благо свиткани колена. Кренете ги рацете нагоре. Држете една секунда, потоа три секунди симнувајте ги рацете до рамениците. Направете 6 до 8 повторувања.

3. Ротирачки трицепс

3

Застанете со свиткани колена и благо наведнете се нанапред, со тег во двете раце. Наведнете го десниот лакт за да го донесете тегот на страна, паралелно со подот. Движете наназад, и како што ги исправувате рацете, ротирајте така што дланката да биде паралелна со таванот. Ротирајте наназад и вратете ја раката во почетната положба. Направете 12 до 15 повторувања на секоја рака.

4. “Т” склекови

4

Застанете во положба за склекови со рацете потпрени на подот паралелни на рамениците. Приближете се до подот. Како што го кревате вашето тело нагоре, ротирајте ја десната страна од вашето тело нагоре, кренете ја десната рака, и свртете се надворешно кон левото стапало. Исправете ја вашата десна рака така што прстте ќе бидат свртени кон таванот. Држете една секунда пред да се вратите во положба за склекови. Повторете, овој пат ротирајќи кон лево и досегнете со левата рака. Тоа е едно повторување. Направете пет повторувања.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement