Доаѓа крајот на 2015та и трендовите во шминката тотално се менуваат. Она што биде актуелно во 2016та во светот на убавината следува во продолжение…

Бронзени капаци
Бронзената сенка е нешто што може да се носи во текот на целата година, а секогаш да изгледа тренди и убаво. Од модните писти, па сè до гуруата за убавина ширум светот, оваа шминка одговара на секоја боја на очи, а изгледа суптилно и нежно.

Капаци со злато
Верувале или не, 2016та ќе биде година на невообичаена шминка. Што поневообичаено, толку поубаво. Овојпат станува збор за златни ливчиња, нанесени на очниот капак во вид на сенка. Иако се малку екстравагантни, не се лоши за некоја луда забава или свечена прилика.

Уста со светки
Овој тренд повторно се враќа во мода во 2016та. Почнувајќи од светките на коса, очи и нокти, па сè до светките под пазувите, девојките полудуваат по овој тренд!

Природни нокти
Ако 2015та беше година на акрилните вештачки нокти, 2016та е година на природниот изглед. Природните нокти, без разлика дали долги или кратки, лакирани или нелакирани, беа дел од ревиите на многу светски познати дизајнери, а светските sвезди сигурно ќе се потрудат да бидат дел од овој новитет.

Кoноп фризура
Косата е нешто кое секоја жена го негува и одржува секојдневно. Покрај огромниот избор на фризури, најбарана следната година ќе биде „коноп“ плетенката.

Несредени веѓи
Повторно модерно ќе биде да изгледате што поприродно, без сенчање и цртање на веѓите. Пуштете ги да бидат што погусти и понеуредни.

Вечната „боб“ фризура
Таканаречената „долг боб“ фризура никогаш нема да излезе од мода. Има должина над рамениците, а познатите девојки ја обожаваат.

You must be logged in to post a comment Login