Кој е најдобриот начин за да се спречи појавата на брчките? Постојат навистина многу методи, но секако, една од најдобрите е масажата. Масажата која ние ви ја предлагаме, освен што ќе ве релаксира, ќе ја намали видливоста на брчките кои не ги сакате. Еве како:
Започнете така што ќе го измиете лицето употребувајќи нежен гел со кој ќе го отстраните мртвиот слој клетки од кожата.
Веднаш после тоа, исплакнете го лицето со студена вода.
Започнете со масажа почнувајќи од вашиот врат.
Продолжете нагоре и нежно масирајте со кружни движења сè до образите.
Применувајте благ притисок врз слепоочниците.
Користете ја задната страна од дланките правејќи кружни движења по образите.
Со истите движења, масирајте се и под брадата за да ја спречите појавата на подбрадок.
За да се ослободите од притисокот во пределот кај синусите, употребете ги средните прсти со кои нежно ќе притискате синусите, во траење од неколку секунди.
Повторувајте ги движењата во пределот околу очите, устата и под носот.
За да постигнете најдобри резултати, масирајте се двапати неделно во траење од 10-15 минути.

You must be logged in to post a comment Login