Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____совети и како да

Седум трикови за поисполнети усни

Многу жени копнеат по полни и заводливи усни, а за да го постигнете тоа не ви се потребни естетски хируршки интервенции, туку можат да се употреби и магијата на декоративната козметика.

Малите и едноставни трикови ќе направат вашите усни да изгледаат бескрекорно во само неколку потези.

Негувајте ги усните

За усните да изгледаат бујно и пожелно, мора да бидат негувани. Направете пилинг од време на време со четкичка за заби или со природен пилинг од мед и кафеав шеќер. По овој третман нанесете балсам за усни. Ќе изгледате природно, свежо и поисполнето.

Користете молив

Повеќето девојки знаат за овој трик, но важно е да се направи на вистинскиот начин. Потребен ви е  молив во боја на кожа или боја на роза. Нанесете ја малку погоре од вашата усна на оние места на кои сакате да ги зголемите, но не претерувајте, бидејќи другите ќе забележат дека усните не изгледаат природно.

Светли бои

По исцртувањето на вашите усни, нанесете кармин и тоа најдобро во светли нијанси. Доколку користите потемни нијанси, усните ќе делуваат поситни.

Можеби ќе ви се допадне:    Најдобрите трикови поради кои ќе ослабете засекогаш !

Користете сјаеви

По нанесување на карминот можете да додадете и сјај или да го користите само во комбинација со молив. Постојат дури сјаеви кои се посебно правени со намена на усните да им дадат поисполнет изглед.

„Омбре“ ефект

Голем хит ова лето е „омбре“ ефектот на усните. За да се постигне овој „омбре“ ефект ви требаат две нијанси на кармин, едниот нешто потемен и еден посветол. Нанесете ја основната боја, а потоа нанесете ја посветлата нијанса.

Ефект на бел молив

Нанесете бел или посветол молив веднаш над горниот дел од усната, така што нема да се гледаат острите агли. На тој начин визуелно ќе ги зголемите усните.

Користете камена пудра

Нанесете течна или камена пудра над горниот дел од усните. Тоа ќе им пружи на вашите усни заводлив и поисполнет изглед.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement