Брановидните кадрици се сигурно омилена фризура во текот на летните денови, бидејќи потсетуваат на море, опуштеност. Ви претставуваме 5 едноставни чекори кои треба да ги направите за да добиете совршена брановидна фризура.
Оваа фризура е многу лесна за одржување, погодна за носење и се препорачува за лежерни прилики.
- За почеток, на влажна коса нанесете спреј кој во себе содржи морска сол. Почнете од корените за да и дадете волумен на косата а потоа движете се кон краевите.
- Потоа, нежно набирајте ја косата со рацете за да направите бранови. Додека ја набирате косата обидете се да ги движите рацете повеќе кон краевите отколку кон коренот, бидејќи на тој начин ќе направите поубави и потрајни бранови.
- Сега е време да нанесете пена, гел или некое друго средство за обликување и стилизирање на косата.
- Земете пегла за коса или фигаро и направете неколку локни на различни делови од косата (не ја виткајте цела коса), а потоа расчешлајте ги локните со ретка четка и прсти.
- На самиот крај, ако сте задоволни со изгледот, нанесете малку лак за коса и тоа е тоа.

You must be logged in to post a comment Login