Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

МАМА

Како правилно да го држите вашето бебе?

Во првите месеци од животот на вашето бебе ќе учите многу нови вештини и ќе се навикнувате на новиот животен ритам. На оваа возраст конструкцијата на бебето е многу слаба, па така начинот на кој го држите вашето бебе директно е поврзан со правилниот развој на плешките, кичмата, вратот, карлицата, мускулните влакна и бутчињата.

 

При секое преместување и подигање на бебето придржувајте се до следните совети:

Додека бебето не научи само да ја држи главата (а тоа е индивидуално кај секое бебе и не се случува во иста недела од развојот кај сите бебиња), треба да му ја придржувате во пределот на главата и тилот. Главчето држете го така што нема да биде премногу навалена наназад.

Никогаш не го земајте бебето со една рака и не го повлекувајте за рачињата за да стане.

Дигањето и спуштањето треба да биде нежно и полека, без нагли движења.

На бебето приоѓајте му тивко и обраќајте му се со нежен глас. Бебето сака да го земете и држите во раце, но не сака тоа да биде нагло и со лутина. Смејте му се и зборувајте му „бебешки“ и тоа ќе ја почувствува вашата грижа и љубов.

Најдобриот начин за да го дигнете бебето е да ја ставите едната рака под вратот и главата на бебето, а другата да ја ставите под долниот дел од грбот и газето, а потоа да го подигнете кон вас. Кога ќе сакате да го спуштите бебето внимавајте секогаш главата да ја потпирате со едната рака, а долниот дел од телото со другата.

Што сакаат бебињата?

Бебињата сакаат да ги држите блиску до себе (особено на гола кожа), сакаат да лежат да стомак, сакаат со раката да ги држите за стомак додека со грбчето им е потпрено на вашето тело, но исто така сакаат и да бидат исправени така што ќе гледаат преку вашето рамо, додека им ја придржувате главата со едната рака. Тие исто така уживаат и кога лежат испружени на вашите раце, додека нежно им зборувате и им се смешкате. Еден од најпрактичните начини на кој можете да го носите вашето бебе (откако ќе порасне доволно да може само да си ја држи главата исправена) е во носилка или „кенгур“ за бебиња, така што вашите раце ќе бидат слободни и ќе можете да го шетате бебето без количка, а ова е воедно згодно и за доење.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement