Редовното чистење на приборот за нанесување шминка е апсолутно задолжително, најпрво заради уништување на бактериите кои се наталожуваат на него.
Еве го наједноставниот рецепт:
- Оцет
- Течендетергент за рачно миење садови
- Вода
- Длабок сад
Постапка:
Во садот ставете 100 мл топла вода, 100 мл оцет и 2 лажици течен детергент за миење садови.
Помешајте ги состојките, а во смесата потопете ги четките.
Оставете ги да отстојат 30 минути, потоа длабински измијте ги со вода и оставете ги природно да се исушат.
Повторувајте го ова секоја недела!

You must be logged in to post a comment Login