Еве и неколку совети, кои ќе ви помогнат да воспоставите здрави навики за спиење и вашето малечко да има удобен и мирен сон. Создадете услови за вашето малечко да има удобен и мирен сон. Воспоставете едноставна рутина за легнување – пример вечерање-капење-спиење. Дајте му време да се смири. Ако прави врева откако сте го ставиле да спие, не се враќајте веднаш во собата, но не го оставајте премногу долго само да плаче.Некои деца заспиваат побрзо ако сè е тивко, а други ако има нормална врева во домот, затоа што така знаат дека вие сте во близина. Бидете сигурни дека нема гасови, пред да го легнете за спиење.
Будње премногу рано наутро.
- Употребувајте подебели завеси на прозорците во детската соба, за да биде потемно наутро.
- Ставете му безбедни играчки во креветчето, за кога ќе стане да може тивко да си игра, додека не ги слушне другите членови од семејството дека се будат.
- Играјте поручек или рано во вечерта, за да биде поуморено и да може веднаш да заспие.
- Децата кои стануваат порано, преспиваат порано во текот на денот. Одложувајте ја неговата дневна дремка секој ден по 15-30 минути, додека не биде 1-2 часа подоцна, отколку што е сега. Така тоа ќе свикне да станува покасно.
- Ако вашето дете е ранобудно по природа, бидете трпеливи. Кога ќе започне да оди во градинка или училиште, ќе спие подолго.
Будење во текот на ноќта.
- Ако секогаш го лулате и му пеете додека го заспивате, кога ќе се разбуди во текот на ноќта, ќе му е потешко да заспие само.
- Кога ќе влезете во собата за да го приспиете, не ги палете светлата и зборувајте му со нежен глас.
- Обидете се дознаете што е причината за неговото будење? Дали е настинато или му растат запчињата? Можеби има проблем со пелените или му е ладно. Разберете дека неговото будење е нормално и решете го проблемот без лутина.
- Понекогаш вашето малечко има потреба да провери дали навистина сте во близина. Одете до него, бакнете го и тивко заминете.

You must be logged in to post a comment Login