Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____совети и како да

5 брзи совети за третман на скршените нокти

Скршените нокти не се убави за гледање, самиот чин на кршење е фрустрирачки и може да биде болен. Но, пред да започнете да го поправате скршениот нокот би ви помогнало доколку ја дознаете причината поради која вашиот нокти се кршат.

Околу 20% од популацијата на има тенки и кршливи нокти – жените и постарите лица се особено подложни на овој проблем. Многу луѓе не знаејќи ја причината за кршливоста на нивните нокти погрешно донесуваат заклучок дека им недостасува калциум или железо, има пак решаваат дека треба да го зголемат количеството на желатин кое го внесуваат. Меѓутоа во многу од случаите кршливоста е резултат на надворешни причини, како на пример лакот за лакирање на нокти, отстранувачот на лак, или пак преголема изложеност на ноктите на вода. За овие проблеми еве ги решенијата:

Потсекување

Ограничете ја штетата така што ќе го потсечете нокотот. Направете ги ноктите пократки и заоблени на страните. Ноктите не растат многу брзо – не побргу од 3 милиметри во еден месец – затоа не ризикувајте. Многу е полесно малку да го скратите нокотот отколку да го оставите пукнат, па така да се скрши целиот. Периодот кој е потребен за да израсне целиот нокот може да трае од 3 до 6 месеци.

Хидратација

Сувите нокти водат кон пукнати нокти. Секоја вечер нанесувајте хидратантна крема на кутикулите и на рацете, така што ќе ги одржувате ноктите силни. Добрите хидратантни креми содржат кератин и колаген, минерални масла или ланолин, како и уреа и млечна киселина.

Избегнувајте хемикалии

Производите за чистење и оние за миење садови можат да направат вашите нокти да бидат суви и кршливи. Секако дека не треба да ги оставите домот и садовите валкани, но можете да експериментирате со поблаги средства за чистење и миење и да ја ограничите изложеноста на истите.

Носете ракавици

Ако рацете често ви се изложени на хемикалии или пак, ви се редовно мокри, тогаш пластичните или латекс-ракавиците можат многу да ви помогнат. Некои луѓе ги сметаат овие ракавици за неудобни и им пречат. Ако е ова случајот со вас побарајте пластични ракавици со платнена внатрешност.

Ограничете ја употребата на  отстранувач на лак за нокти

Пречестото користење на отстранувач за лак на нокти (почесто од еднаш во неделата) може да ги направи вашите нокти кршливи.  Доколку не можете да користите помалку отстранувач на лак за нокти, тогаш побарајте некој кој не содржи ацетон.

Поголемиот дел од времето скршените нокти се козметички проблем. Ретко кога на овој проблем му е потребна лекарска помош. Доколку ноктите ви се кршливи проверете дали вашата дневна рутина влијае на здравјето на вашите нокти. Понекогаш пукнатините се јавуваат не поради тоа што нокотот е сув, туку и поради тоа што е тенок и мек. Во тој случај користете крема за зајакнување на ноктите. Најдете го проблемот и променете го она што не ви одговара во навиките. Наскоро ќе имате убави, здрави, силни и привлечни нокти.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement