Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Секс и Врска

Совети кои треба да ги знаете: Првиот секс со новиот партнер

Новото сексуално искуство со себе носи пред сè возбуда и забава, но и голем број на непријатности. Поголемиот дел од луѓето сакаат да се покажат во најдобро светло пред новиот партнер, а ако бидете спонтани и опуштени успехот нема да изостане.

Еве неколку совети кои треба да ги следите…

Не планирајте

Со сигурност ви се случило некогаш некој настан да го планирате со денови за на крајот сепак да се случи фијаско. Спонтаните нешта сепак се најдобри и токму затоа не се оптеретувајте премногу. Ако некој ви се допаѓа и мислите дека би можело да дојде до жешки игри, погрижете се кај себе да имате заштита, а на себе убава и заводлива долна облека.

Опуштете се

Мозокот е многу помоќен отколку што мислите дека е, па токму поради тоа е важно да се насочите кон позитивен и еротичен тек на мислите. Бидете сконцентрирани на желбата и страста, а така ќе бидете и на одличен пат за да ги откриите магиите на тантричкиот секс.

Нека почнат предигрите!

Сеедно кој ќе ги води, важно е и двајцата да уживате и да им се препуштите на допирите и истражувањата на вашите тела. Не срамете се, бидејќи при толкава страст вашиот партнер нема да се оптеретува со вашиот вишок на килограми или можеби сокриените лузни.

Истражете го секое ново делче

Додека нежно и страствено се бакнувате, користете ги врвовите на вашите прсти за да поминувате по телото на партнерот и да го запознавате. Не држете се строго до ерогените зони и дозволете ѝ на фантазијата да биде дива. Истражете што го возбудува, што го излудува, а што сепак не му годи.

Намалете ги очекувањата

Никако не влегувајте во оваа авантура мислејќи дека ќе имате филмски крај.. Понекогаш, иако луѓето чувствуваат привлечност на прв поглед и имаат фантастичен контакт на почетокот, сексот сепак не е ниту одблиску до она што очекувале да биде. А ако размислите подобро, тоа е и логично бидејќи тремата и нервозата даваат значаен придонес, особено ако некој премногу ви се допаѓа.

Не глумете

Доколку играта на партнерот не ви одговара или би сакале да ја промените позата, кажете му го тоа. Не очекувајте тој да ви ги чита мислите, бидејќи е голема веројатноста дека нема да ги погоди.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement