Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

КУЈНА

Парфе торта

Подготовка:

Бисквит добиваме со тоа што, белките ќе ги изматиме со шеќер, додека не се згусне, додаваме жолчки, брашно и какао. Подготвената смеса ја печеме во кружен калап околу 25 см. Испечениот и оладен бисквит попрскајте го со рум и млеко.

Темен крем:

Шеќерот и водата варете го на тивок оган, изматете 2 белки и посебно 5 жолчки. Сирупот од шеќер полека додадете го во белките, а потоа и жолчките соединете ги со зашакерените белки. Оваа смеса помешајте ја со лажица, не со миксер. Оставете да се олади, па додадете слатка павлака и на крајот желатин. Оваа смеса ставете ја во кружен калап, со големина како и оној од  бисквитот. Потоа оставете добро да се стегне и олади.

Светол крем:

Идентично како и за темниот крем, само што чоколадото е бело. И овој крем треба да стои во калап како и темната.

Двата крема кога ќе се стегнат, ставете ги на бисквитот, прво темниот, па светлиот. Растопете чоколадо со масло и со оваа глазура декорирајте ја тортата.

Состојки:

Бисквит:

  • 3 јајца
  • 7 лажици шеќер
  • 7 лажици брашно
  • 2 лажици какао
  • 5 лажици млеко со малку рум

Темен крем:

  • 10 лажици шеќер
  • 300мл вода
  • 3 жолчки
  • 2 јајца
  • 200гр темно чоколадо
  • 250мл слатка павлака
  • 3 кесички желатин

Светол крем:

  • 10 лажици шеќер
  • 300мл вода
  • 3 жолчки
  • 2 јајца
  • 200гр бело чоколадо
  • 250мл слатка павлака
  • 3 кесички желатин
Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement