Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

новости и трендови

Есенски трендови во шминкањето

Со завршувањето на летната сезона доаѓаат и нови промени во трендовите кај шминката, а тоа значи дека ведрите весели бои остануваат длабоко во козметичкиот несесер, а темните зелени, кафени и црвени нијанси доаѓаат во прв план.

Зелена сенка

 Зелената боја може да се види на ревиите на познатите дизајнери, како на ревијата на Џејсон Ву на која моделите беа нашминкани токму во оваа боја. Кога на капаците ќе ставите сенка со зелена боја, на трепките нанесете црна маскара и ќе постигнете одличен ефект.

 Црни мачкасти очи

 Четвртиот моден тренд во шминкање не е за срамежливите. Со црно моливче нацртајте го саканиот облик, а потоа контурите пополнете ги со црна сенка. За умерена верзија ќе ви послужи и црн туш.

 Златни детали

 Златната боја на очите или образите е вистински моден хит оваа сезона. Под очите може да нанесете малку сенка во златна боја, а на капаците сенка во бело-златна боја. Руменилото во златна боја нека ги краси вашите јаболчници. Најсветлата боја која може да се користи е крем, додека најтемната е бронзената боја.

 Темно црвено руменило

Ова годишно време е карактеристично со потемни нијанси на црвено руменило со што се постигнува романтичен драмски ефект. Единствено се препорачува кога користите црвено руменило, шминката на останатите делови од лицето да биде поумерена.

Кафени зачадени очи

Ваков изглед на очите може да добиете така што долж внатрешните страни на трепките нанесете кафено моливче, потоа со четкичка со средна големина нанесете од трепките до половина капак сенка во кафена боја. На крајот целата површина на очниот капак обојте ја со сенка во камено-огнена бронзена нијанса.

Очи во кобалт сина

Користете водоотпорна сина маскара. Изгледот ќе биде целосен со користење на туш во кобалт-сина боја со која ќе направите остри, тенки линии на капаците.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement