Без разлика на тоа колку често дома ја сушите косата со фен, таа никогаш не изгледа така совршено како кога ќе излезете од салон. Можеби веќе сте ги пробале сите видови на четки, сте смениле неколку фенови и серуми за коса во надеж дека конечно ќе успеете, но не се откажувајте.
Се надеваме дека по овие совети никогаш веќе нема да имате лошо исфенирана коса.
Користите погрешен фен
Не се сите фенови исти (се разбира!), па затоа е важно да ја познавате својата алатка. Јонските фенови поседуваат технологија која создава милиони негативни јони. Тоа дозволува фенот да ја исуши косата многу побргу поради тоа што не ја користи само топлината и силата на воздухот, туку тие имаат и нова технологија која помага да се разложи водата. Сепак, многумина имаат тенденција да ја пресушуваат косата, особено по линијата на косата.
Керамичките фенови емитуваат инфра црвена топлина која не ја оштетува косата, туку нежно ја суши со додадена заштита од топлина. Феновите со керамички турмалински прстен емитуваат инфра црвена топлина и негативни јони, правејќи ја топлина поблага за косата, како и посјајна и помалку разлетана по фенирањето.
Не ги фрлајте додатоците кои доаѓаат со фенот, тие можат да ви помогнат против разлетувањето на косата. Лицата кои имаат виткана коса, или пак малку прекршена, а кои сакаат да ги нагласат локните треба да користат дифузер, со цел да и додадат облик и волумен на косата. Концентраторите, пак, го насочуват и фокусираат аутпутот на воздух со што фенирањето полесно се контролира.
Не ги држите фенот и четката под вистинскиот агол
Фенот и четката треба да се во постојано движење. Ако само го насочите фенот кон косата и го држите на едно место ќе ја „спржите“ косата. Добар совет е да ја држите четката вертикално, а фенот хоризонтално, односно спротивно едно на друго.
Ја бирате најсилната јачина
Различните нивоа на топлината треба да бидат прилагодени такашто ќе и одговараат на текстурата и состојбата на вашата коса. Највисоката топлина е наменета за многу цврста и груба коса, како и за да го отстрани вишокот на влага кога косата е навистина мокра, но со потсетување дека фенот треба секогаш да е во движење, а не да се фокусира на едно парче коса. Најниската топлина е совршена за тенка и кршлива коса. Ако вашата коса е влажна, наместо мокра, важно е да ја користите најслабата јачина, како би спречиле пресушување на косата.
Мистеријата на копчето за ладен воздух е во тоа што помага да се зацврстат кутикулите на косата, обезбедувајќи и на фризурата да остане сјајна и непроменета подолго време. Кога вашата коса ќе биде 80 проценти сува префрлете се на ладен воздух. Ладниот воздух е исто така добар за да зацврстат локните.
Не користите производи за заштита од топлина
Серумите за заштита, лосионите и спреевите се најдобриот начин да се осигурате дека вашата коса ќе остане заштитена за време на фенорањето. Дури и ако ја фенирате косата на секои четири дека, веројатно во меѓувреме ја пеглате или пак користите фигаро. Затоа препорачливо е да користите некој заштитен производ.
Не ја делите косата правилно
Веројатно си мислите „колку може да биде комплицирано?“ Сепак веројатно го правите тоа погрешно. Поделете ја косата во четка на врвот на главата, потоа сушете ја напред и полека движете се кон назад.
Не ја користите најдобра четка за вашата коса
Најголемата грешка која можете да ја направите е да користите метална четка. Металните четки бргу се загреваат, правејќи ја косата премногу жешка. Барајте округла четка со мешавина на најлон и влакна од дива свиња, бидејќи тие помагаат во еднакво распространување на производите на нега на косата, правејќи ја нежна и разиграна.
Прочитајте како да ја одберете правилната четка за вашата коса тука.
Премногу ја тегнете косата со четката
Еден од важните чекори во фенирањето е сушењето на косата во парчиња, но и не тегнење на истите. А што се однесува до тоа колку пати смеете да поминете со четката на косата, доколку има потреба поминете го парчето коса и до 10 пати. Почнете од коренот, создавајќи притисок со четката, без да ја тегнете косата безмилосно.

You must be logged in to post a comment Login