ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 2 супени лажици маслиново масло
* 6 чешниња лук
* 1 шолја презла
* 1 шолја рендан пармезан
* 1 малечка лажичка сушен босилек
* ¼ малечка лажичка бибер
* 6 половини исчистени пилешки гради
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Загрејте ја рерната на 175 степени. Премачкајте ја тавата со масло. Во блендер ставете ги лукот и маслиновото масло и мешајте додека да добиете соединета смеса. Потоа смесата префрлете ја во еден сад. Во друг сад, ставете ги презлата, пармезанот, босилекот и црниот бибер. Секое парче пилешко прво натопете го во садот со маслиново и лук а потоа и во другиот сад. Наредете ги сите пилешки гради во претходно подготвениот сад за печење и печете отприлика 30 минути.

You must be logged in to post a comment Login