Иако постои огромен избор на производи за нега на трепките, не треба да заборавиме на старите добри трикови, кои се најпрактични и најефикасни.
Маслиново масло
Намачкајте маслиново масло на коренот на трепките и по нив, оставете да делува пет минути. Потоа измијте ги со млака вода. Постапката повторувајте ја еден месец и ќе почнат да ви растат нови и посилни трепки.
Вазелин
Нанесете пред спиење вазелин од коренот на трепките по целата должина. Следното утро измијте ги со млака вода.
Витамин Е
Витаминот Е е еден од најдобрите во борба против опаѓање на трепките, а ќе го најдете речиси во секоја аптека. Се користи на истиот начин како вазелинот.

You must be logged in to post a comment Login