Парфемите можат да се искористат во повеќе цели, не само за тоа да мирисате убаво. Мирисите траат подолго кога кожата е помасна, па ако имате сува кожа прво нанесете крем без мирис па парфем. Истото можете да го постигнете и со вазелин.
Ставајте парфем после бањање и пред да се облечете.
Ако ги протриете рацете после нанесувањето на парфем, високите ноти на парфемот ќе исчезнат побрзо.
Напрскајте повеќе масла и парфеми во исто време и помирисајте за да видите дали мирисите си одговараат. Откако ќе ја пронајдете својата комбинација, прво нанесувајте го парфемот со најсилен мирис па редоследно до најслабиот парфем.
Парфемите кои се на база на алкохол не нанесувајте ги директно на коса, туку попрскајте го чешелот или четката за коса со цел да не ја оштетите.
За да избришете парфем кој не ви се допаѓа како мириса, направете го тоа со влажно марамче.
За да го помирисaте вистинскиот мирис на парфемот кој го тестирате потребно е само да почекате да се исуши.
Ставете парфемиран сапун во марамче и ставете го во плакарот со цел вашата облека да мириса свежо.

You must be logged in to post a comment Login