Мажите сакаат постари жени во кревет. Меѓу младите мажи има многу кои сакаат секс со поискусна жена од нив.
Зошто е тоа така? Еве некои одговори на тоа прашање.
Игра на бројки
Се подразбира дека постарата жена има поголемо животно искуство, па со самото тоа и сексуално. Помладиот маж во постарата жена гледа вистински сексуален експерт.
Знаат што сакаат
Постарите жени одлично го познаваат своето тело, точно знаат што сакаат, а она што е најважно е дека не се срамат да го покажат тоа.
Тие се поопуштени
Постарите жени се поопуштени и со самото тоа повеќе уживаат во сексот, што е исклучително возбудливо за посилниот пол.
Го сфаќаат значењето на сексот
Точно знаат што значи сексот и не го користат за да добијат нешто материјално од помладиот маж. Свесни се за физичките и психичките благодети од сексот.
Уживаат во улогата на учителка
Уживаат во тоа што играат улога на учителка во сексот. Чувствуваат кога треба да бидат доминантни, а кога треба да му го препуштат главниот збор на партнерот. Знаат да направат атмосфера, без срам ќе купат некоја еротска книга или секси играчка.
Имаат самодоверба
Кога мажот ќе препознае жена која е полна со самодоверба, тоа на него делува исклучително возбудливо.
Мажот знае на што е
Со нив се знае на што сте, нема играње игри, тактизирање и тестирање. Нив телефонот не им служи за играње мачка и глушец. Точно ќе дадат до знаење што сакаат од таа врска и не се плашат дека ќе го изгубат партнерот ако се отворени.

You must be logged in to post a comment Login