Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

новости и трендови

Направете домашен пилинг за зацврстување на ноктите

Негувани раце:Пилингот од лен и бадемово масло ќе ги зајакне вашите нокти, пастата од компир ќе и подари сјај на кожата, а маслиновото масло ќе ги тргне трагите од средствата за чистење.

Ако средствата за чистење оставиле трага на вашите раце, натопете ги во малиново масло и линмонв сок. Пред спиење намачкајте ги рацете со маслиново масло и ставете памучни ракавици за да може маслото да делува преку ноќ. Покрај другото, тенките , суви и кршливи нокти се чест проблем, и ќе се зајакнат со неколку домашни рецепти.

Ноктите ја губат водата стотина пати побрзо отколку кожата, па еднаш или два пати неделно направете домашен пилинг за зајакнување на ноктите т.е. натопете ги во камилица и маслиново масло. Измешајте по една лажица малсиново и рицинусово масло со лажица мед и половина чаша мелени ореви. Втријте го домашниот пилинг на ноктите и рацете. Измијте го со топла вода и нанесете некоја помрсна крема.

Паста од компири и млеко

Сварете 3 компира, здробете ги па додадете малку млеко со цел да добиете смеса слична на тесто. Така топла смесата нанесете ја на рацете и оставете ја да делува додека не се олади. Измијте со млака вода и нанесете хидратантна крема.

Блага „купка“

Измешајте една лажица камилица и еден литар врела вода. Нека се олади малку па натопете ги рацете во садот. Држете ги така од 15 до 20 минути и нежно избришете ги.

Пилинг од бадеми

Иситнете една рака семки од лен и измешајте ги со една лажица бадемово масло. Додадете малку топла вода и добро измешајте. Со смесата масирајте ги рацете околу 15 минути и потоа измијте ги со вода.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement