Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____совети и како да

Нега на нежната кожа на телото – Деколте

Убавина и здравиот изглед подразбираат нега за целото тело, а неизоставен дел е и популарното деколте кое привлекува многу погледи. Многу убави фустани и модерни горни парчиња облека имаат длабок израз кој е наменет токму за да се истакне овој дел од телото. Тогаш зошто жените многу често забораваат да му пружат редовна нега?

Кожата на деколтето е понежна од кожата на остатокот од телото, потенка е и со помалку еластичност, па затоа е особено подложна на оштетувања на кожата, дисколорација, а можат да се појават и брчки. Затоа, погледнете како да го негувате своето деколте за следниот пат кога ќе облечете нешто отворено или ќе отиде на плажа да се чувствувате самоуверено и гордо.

Деколтето треба да се негува секој ден!

Најчеста причина за оштетување на кожата на деколтето е нередовната нега и изложеност на сонце. Наједноставната нега е всушност истата онаа која ја користите за лицето и вратот. Наутро и навечер мијте те го деколтето со нежен сапун, а потоа исушете го така што нема да ја триете крпата од лицето, туку нежно ќе притискате за водата да се впие.

Користете и крема за сонце секој пат кога носите нешто што го открива деколтето. Кремата нанесете ја 20тинна минути пред да излезете на сонце.

Еднаш во седмицата направете благ пилинг.

Елиминирајте ги веќе постоечките брчки и спречете нови

Редовно правете вежби за гради и грб.

Нанесувајте крема за хидратација пред да одите на спиење, внимавајте кремата да нема масло во составот.

Спијте со маица од растеглив материјал, така што ќе ви држи градите на место. Можете да носите и спортски градник. Сепак, за подобро здравје на градите се препорачува во едно денонокие да не носите градник од 8 до 12 часа.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement