Како што топлите летни денови наближуваат, така и температурите стануваат се повисоки, а летни журки на отворено полека почнуваат. Потемнетиот тен е секси зачин на вашиот изглед, но ако сакате вистински да блескнете ви требаат малку светки на темните. Заведете со поглед со следниот туторијал.

Чекор 1
За да го добиете овој изглед потребна ви е металик тенка сенка за очи. Со четкичка земете малку од сенката и нанесете ја на раката за еднакво да се распредели на четката. Користете ја раката како палета на уметник.

Чекор 2
Нанесете ја сенката долж горниот капак, во линија со трепките (не мора да бидете многу прецизни.) Потоа со малиот прст размачкајте ја сенката по капакот.

Чекор 3
Со тенка четка нанесете многу малку сенка веднаш под аголот на долниот капак.

Чекор 4
Следно потребна ќе ви биде бело златна масна сенка која се прелева.

Со показалецот нанесете сенка на центарот на очниот капак, а потоа малку размачкајте. Оваа сенка ќе ја зароби светкавата сенка која ја имате одоздола, а на окото ќе му даде ефект на светкави скрлушки на риба.


Чекор 5
Последното нанесете неколку слоја на маскара и неутрален кармин, со што фокусот ќе биде свртен кон вашите блескави очи.

Финален изглед



You must be logged in to post a comment Login