За да го добиете телото по кое сонувате не значи дека треба да правите болни вежби кои ќе го исцрпат вашето тело. Нашите предлози, за зголемување на задникот и градите, се забавни и ефикасни.
Со овие вежби ќе ги растегнете мускулите на задникот и нозете со што ќе создадете пропорционален изглед без целулит. Ќе ја подобрите рамнотежата, флексибилноста и силата.
1. Вежба
Раширете ги нозете повеќе од ширината на колковите, десната нога свиткајте ја и исправете ја напред, а рацете на страна. Клекнете ниско и поткренете ја потпетицата. Со дланките нанапред, истегнете ја десната рака наназад и надолу. Станете и застанете на левата нога. Спуштајте ја потпетицата додека го кревате десното колено нагоре. Држете ги рацете во висина на рамената, зглобовите да не бидат стегнати, а дланките надолу.
2. Вежба
Седнете на земја, свиткајте ги колената, испружете ги стапалата и рацете ставете ги на страна. Потоа стегнете ги стомачните за да ги подигнете свитканите колена и да формирате агол од 45 степени. Дигнете ги рацете над главата со дланки навнатре. Завртете на десно, истегнувајќи ја десната рака право и левата преку целото тело додека ги отворате нозете и го допирате подот со стапалата.
3. Вежба
Фатете позиција со која дланките и стапалата ви се залепени за подот. Дигнете го задникот колку можете повеќе. Потоа кренете ја левата нога за да добиете рамнотежа. Коленото свиткајте го зад вас, така што ќе ја истегнете десната нога, а колковите ќе ги подигнете кон небото. Вратете се во првобитната позиција и направете ја вежбата со смена на ногата.

4. Вежба
Седнати на под или тврда подлога, свиткајте ја левата нога наназад, а десната пета поставете ја така што ќе ја споите со левата бутина. Истегнете ги рацете над главата, а брадата насочете ја кон небото. Свртете се со торзото нанапред и малку на лево. Десниот лакт поставете го на подот пред вас, со што левата рака ќе ви остане над главата. Вртете се додека не исполните еден круг со рацете над глава.
5. Вежба
Застанете со нозете раширени малку повеќе од колковите. Клекнете и застанете на прсти. Навалете се нанапред и ставете ја десната рака на подот. Завртете се со торзото на лево и истегнете ја левата рака над главата. Завртете се кон центарот, симнувајќи ја левата рака до подот. Вежбата повторувајте ја се додека не застанете и не ги израмните стапалата.
6. Вежба
Ставете ги нозете така што левата ќе се наоѓа 2 или 3 чекори пред десната. Кревајте ја левата нога додека клечите и го накосувате торзото нанапред. Искривете ги рацете напола кон градите и пробајте да посегнете кон наназад колку што можете повеќе. Тегнете ги рацете и со телото виткајте се нанапред. Опуштете ги рацете и вратете се во првобитната позиција.
Секоја вежба повторувајте ја 8 пати (по 2 сета), 3 пати неделно, преку еден ден и ќе постигнете невидени резултати

You must be logged in to post a comment Login