Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____совети и како да

Три начини како да ја отстраните темната кожа на лактите

Темната кожа на лактите која се формира со текот на годините не е убав поглед, посебно во летните денови кога сакате да облечете разголени кошули и фустани.

Меѓутоа, и за овој проблем постојат брзи и едноставни решенија.

Маслиново масло и шеќер
Ова е одлична комбинација за хидрирање и пилинг на кожата, кој може да се користи и по целото тело. Во еден сад измешајте маслиново масло со една лажица шеќер. Со оваа смеса масирајте ги лактовите и другите делови од кожата кои се суви и испукани. Откако ќе ги измасирате измијте ги лактовите со топла вода и сапун.

Кокосово масло
Ова масло е исклучително ефикасно кога станува збор за природните прозиводи за нега на кожата.  Тоа ја омекнува кожата и ја хидрира во исто време. Масирајте ја сувата кожа на лактовите пред да си легнете во кревет. Втријате го маслото убаво во кожата и оставете го да делува преку ноќта.

Куркума и млеко
Куркумата и млекото се користат за нега на кожата, и во случај кога е сува и испукана. Измешајте малку куркума во прав и млеко за да добиете густа смеса. Потоа оваа смеса убаво втријте ја на лактовите и оставете ја да делува пет минути. На крај, измијте се.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement