Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

МАМА

Научниците потврдија која е идеалната возраст за прва бременост!

Некои жени го планираат мајчинството, додека други чекаат да се случи кога ќе дојде време за тоа, но стручњаците истакнуваат дека жените што сакаат две или три деца треба да планираат кога ќе го родат првото. Британските научници од Шефилд ги анализирале сите податоци за плодност на 58.000 жени, а еве до какви заклучоци дошле.

Жените што сакаат три деца би требало да почнат со основање на семејството на 23 години, тие што сакаат две на 27, а за едно дете не би требало да чекаат подоцна од 32. роденден.

Ако првото дете се зачне на 23 години, жената ќе има 90 проценти поголеми шанси да роди три деца, ако толку сака да има. Ако чека до 31 година, шансите да биде мајка на три деца се намалува на 75 проценти, а ако чека до 35 години постои 50 проценти шанса за три деца.

Жената што сака да има две деца би требало да почне да работи на мајчинството на 27 години, а жените кои сакаат едно дете за да станат мајки не би смееле да чекаат повеќе од 32. роденден.

Истражувањето исто така покажало дека вонтелесното оплодувањето – медицински потмогнато оплодување – не е гаранција за жените што го одложуваат мајчинството т.е. ја оваа метода ја продложува можноста за бременост за една или две години.

Експертите истакнуваат дека овие податоци не важат конкретно за секоја жена, но можат да им помогнат на жените што планираат семејство и сакаат да си го остварат сонот за голема фамилија.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement