Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Фитнес

Power јога

Покрај многуте видови на јога кои постојат и првенствено се наменети за смирување на умот и постигнување на единство помеѓу умот и телото, постојат и видови на јога кои се наменети за намалување на телесната маса.

Еден таков вид на јога која зема сѐ поголем замав е така наречената power јога.

Практикантите на овој вид јога вежбаат динамични стилови на јога, а power јогата е базирана врз основа на ashtanga јогата.

Овој вид на јога почнал да се развива и да се шири во деведесеттите години на минатиот век.

Не постои некоја голема разлика помеѓу power јогата и останатите видови на јога.

Во оваа јога единствено како крајна цел се сака да се постигне зацврстување на мускулите и намалување на масното ткиво кај практикантите, па поради тоа вежбите се малку подинамични и побрзи од останатите видови на јога, а потењето е пропратно и неизоставно во power јогата.

При изведувањето на вежбите мора да се координира дишењето и движењата. Ова координирање придонесува да се зголеми силата и издржливоста, придонесува да се совлада контролата на дишење и концентрација, да се зацврстат зглобовите и да се постигне поголема еластичност на телото.
Со сето претходно спомнато се намалува и можноста за добивање на повреди во текот на изведбата.

Меѓутоа, покрај што power јогата делува на физичкиот изглед на телото, таа исто така влијае и ментално и здравствено, се постигнува опуштеност, се зголемува енергијата и виталноста на телото, се подобрува крвотокот, а со тоа се подобрува функционалноста на сите органи во телото.

али ќе одберете power јога или некоја од останатите видови зависи од вас, од вашиот начин на живот, вашата здравствена состојба и условите во кои живеете.

Но, без разлика кој вид на јога ќе го одберете, посветете му се максимално и уживајте во опуштеноста и смиреноста, состојби кои денес е многу тешко да се постигнат.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement