Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

совети

Како да го намалите стресот на работното место

Стрес на работното место, напнатост, нервоза… сѐ што треба да направите е да се опуштите. Што велите за одмор на планина во природа? Или на плажа – ладен коктел до вас и уживање под сонцето? Звучи одлично, но не секогаш имаме време за одмор, посебно кога сме затворени во канцеларија, кога цел ден доаѓаат и си одат странки, кога шефот ни „труби“ над глава.

Еве неколку совети за тоа како да се опуштите на работното место:

– Чоколадо

Коцка црно чоколадо може да ви помогне да се опуштите. Секогаш имајте барем еден ред до вас за да си ги смирите нервите доколку е потребно. темното чоколадо го регулира нивото на хормонот кортизол кој влијае на стресот.

– Зелен чај

Зелениот чај е богат извор на танини, супстанции кои го намалуваат бесот. Две-три голтки се доволни за да се смирите. Барем нема да бидете растреперени пред колегите или шефот.

– Мед

Покрај тоа што медот е заштитник на кожата и одличен антибиотик, медот влијае и на мозокот. Помага при борбата против депресија и анксиозност.

– Медитација

Понекогаш ви е преку глава од сѐ и посакувате да отпатувате за да не слушате никој околу вас. Ова можете да го направите и со медитација. Истражувањата покажуваат дека неколку моменти тишина и мир во денот влијаат при намалување на стресот и депресијата. Најдете тивко место на вашето работно место, фокусирајте се на себеси, затворете ги очите и отпатувајте некаде во мислите. Полека ќе почувствувате како вознемиреноста се намалува.

Ставете ја главата на перница

Некогаш е потребно да дремнеме за едноставно да продолжите понатаму. Сепак, тоа вообичаено не е дозволено на работното место. Меѓутоа, понесете си едно мало перниче со вас на работа. Доволно е да ја ставите на вашето биро и да ја наведнете главата врз неа. Замислите како перницата ги извлекува сите грижи и сиот стрес од вас и за неколку минути ќе се почувствувате подобро.

– Броите

Кога ќе забележите дека стресот ви расте, дека обврските немаат крај, дека главата ќе ви „експлодира“, почнете да броите. Вдишете длабоко и почнете полека да броите до десет, а потоа и наназад до еден. Повторете го ова уште еднаш.

– Креативна визуелизација

Исклучете се и замислите како вашата симпатија од Холивуд тропа на вратата и ве кани на вечера и вие велите „да“. Или, пак, замислете дека имате пет нови епизоди од омилената серија. Отпатувајте во мислите. Креативната визуелизација која е јасно поврзана со нешто што нѐ прави среќни и задоволни има голема моќ за брзо релаксирање кое можете да си го дозволите во секое време.

– Замижете

Затворете ги очите на една минута. Вдишете и издишете длабоко. Одморете се од работата, од сѐ што ве мачи. Ова е одлична вежба за одмор и фокусирање.

– Масажа со прсти

Бидете си сами на себе професионален масер. Пробајте да се измасирате на вратот, рамената и на рацете. Ова најмногу се препорачува за луѓе кои работат пред компјутер. Рацете можат да бидат големи предизвикувачи на стрес.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement