Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Здравје

Колку често треба да се прави ПАП тест?

Ginekolog, ginekoloski pregled

При пап (Папаниколау) тестот во форма на брисеви се зема примерок од клетките на грлото на матката или вагината на жената. Тестот се користи за да се направи увид во можните промени на клетките на грлото на матката и вагината кои укажуваат на присуство на рак или состојби кои може да се развијат во рак. Тоа е најдобрата алатка за откривање на предканцерозните состојби и скриени, мали тумори кои можат да доведат до рак на грлото на матката. Доколку се открие рано, ракот на грлото на матката може да се излечи.
Според најновите истражувања на Американското здружение за гинекологија и акушерство со применување на пап тестот рутински треба да се започне околу 18 година од животот на жената. Доколку не постојат никакви сомнежи за абнормалности на клетките или пак не постои претходна историја на позитивен резултат на ХПВ рутински скрининг се препорачува на секои две години за жените 21-29 години. За жените 30-65 години кои имаат нормален пап тест со негативен резултат за присуство на ХПВ вирусот, пап тест се препорачува на секои пет години.
Сепак кај некои жени се препорачува позачестено изведување на Пап тестот особено кај оние жени кои што имаат ослабен имунолошки ситем, кои имале присуство на абнормалности во резултатите на пап тестот претходно, кои што се ХИВ позитивни и сл.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement