Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

УБАВИНА

Нега за убавина

Замореното лице можеме да го освежиме на пареа. Она што треба да направиме е да згрееме вода во која ќе додадеме малку камфор (1 лажица во 1 литар вода) или камилица. Откако водата ќе почне да врие, ја тргаме од шпоретот, ја собираме косата и го започнуваме процесот на пареење на лицето. По овој третман, лицето треба да го измиеме со ладна вода.

Чувствителната кожа не смееме да ја миеме со обичен сапун, туку со бадемови трици кои успеваат темелно да ја исчистат кожата, а притоа да не ја надразнат. Доколку кожата не е премногу надразнета, може да се истрие со 10% салицилен шпирт, кој ја отстранува лојта насобрана во порите.

Миење на лицето со кисело млеко ја спречува појавата на брчки, а кожата ја прави поеластична.

Кожата на лицето можеме многу брзо да ја освежиме со триење, користејќи сок од лимон. По десетина минути триење треба да го измиеме лицето со ладна вода.

Осип на кожата, акни, гној и сл. Болестите на кожата треба да ги лечиме со квасец или пак витамин В.

Маска од жолчки ја храни кожата и го спречува создавањето на брчки. Жолчите треба да се помешаат со малку маслиново масло и лимонов сок. Смесата треба да се нанесе на лицето и да се остави половина час да се исуши, а потоа да се измие со млака вода.

Маска од белка на јајце. Во пената од белки треба да се додадат неколку капки лимон. Маската треба да остане на лицето се додека не почувствуваме благо затегнување на кожата, а потоа истата треба да ја отстраниме со млака вода. За да ја одржиме кожата на лицето во најдобра форма, треба да ја повторуваме оваа процедура 1-2 пати месечно.

Масажа на тело по бањање со мокра и груба фротирка, или пак масажа на помалку чувствителната кожа со четка е корисна за зајакнување на мускулатурата, како и за остварување добра циркулација.

Ноктите треба да се кратат, турпијајте ги, а не со ножици, затоа што во тој случај растат неправилно, а на нивната површина ќе се појават и нерамнини.

Фризурата ќе трае подолго ако додека е влажна косата се истрие со сок од лимон или пиво.

Сувата кожа на лицето и вратот треба да се мие со смеса од бадемови трици и зовриена вода во која треба да се додадат и 10 капки колонска вода.

Кожата по сончање – Доколку кожата поцрвени или пак темната боја веднаш падне, треба да се консумира (дури и на зима) витамин А или ¼ чаша  сок од моркови.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement