Вкусно колаче, кое истовремено ќе ве освежува и заблажува секое утро.
Потребни состојки:
2 филџани саморастечко брашно
¾ филџан ванилин шеќер
1 филџан млеко
2 супени лажици еспресо во прав
½ филџан стопен путер
1 јајце
½ филџан издробено чоколадо за готвење како чипс
зрна од кафе
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 190° C. Подгответе 12 хартиени калапчиња за колачи. Ставете го путерот во тавче и полека мешајте го на ниска температура додека се стопи. Потоа, тргнете го од ринглата и оставете го малку да се олади. Во меѓувреме, во длабок сад сипете ги брашното и шеќерот. Во друг сад ставете го јајцето, млекото и еспресото во прав и мешајте со лажица додека кафето се изедначи. Подготвената кафе-смеса додадете ја во садот кај што се брашното и шеќерот, а потоа и стопениот путер. Мешајте додека се соединат состојките. Потоа, додадете ги чоколадните парченца и повторно промешајте, но кратко. Кога ќе завршите со изедначувањето на смесата, поделете ја на еднакви колачиња во форма на бомбици. Декорирајте ги со зрна од кафе и ставете ги да се печат 15-20 минути. Можете да се уверите дека се готови кога со чепкалка за заби ќе боцнете едно колаче и таа глатко ќе помине низ него. Извадете ги колачите од рерна и оставете ги 5 минути да се оладат.

You must be logged in to post a comment Login