Нејзината мајка е следена од милиони на социјалните мрежи, а таа на само 18 години е целосно опуштена и автентична, исто како и Мадона на нејзината возраст.
Лурдс, ќерка на Мадона како што расте се повеќе и повеќе наликува на неприкосновената кралица на поп музиката.
Гордата мајка ја сподели оваа фотографија на својот профил на Инстаграм со убава белешка.
- Бидејќи ти ме објавуваш каде и да е- напиша Мадона под селфито на својата ќерка.
Лурдс, заврши во Ла Гвардија, училиштето за применета уметност во Њујорк, на сликата има виолетова коса и пирсинг во носот, па дури и во стилот и облеката потсетува на нејзината мајка.

You must be logged in to post a comment Login