Малку сончање да, но внимателно и умерено! Кај трудниците не се препорачува сончање во голема мера бидејќи тоа може да предизвика дехидратација на организмот.
За време на топлите летни денови на сите им се препорачува да го избегнуваат сонцето, а особено на трудниците.
На трудниците сончањето не им се препорачува зашто тоа може да предизвика дехидратација на организмот, ја крева телесната температура и влијае на крвниот притисок. Докажано е дека сончаницата, која настанува како резулат на дехидратација на организмот, може да предизвика предвремено породување, додека повишената телесна температура во почетокот на бременоста (доколку трае долго) може да го оштети плодот.
Затоа, идните мајки треба да го избегнуваат изложувањето на сонце во период од 11 до 17 часот и да се сончаат во ладовина (и на тој начин се добива убав тен), да пијат голема количина на течности, често да се тушираат, да јадат полесна храна, задолжително да користат крема со голем заштитен фактор и да носат шешир.

You must be logged in to post a comment Login