Доколку не сте ги нанесувале средствата кои помагаат кожата да ги издржи овие сончеви денови, вашата кожа изгорела и почнала да се лупи.
Прво нешто што ќе треба да направите е за да зголемите заштитата кога следниот пат ќе излезете на сонце. Потоа, ако сте користеле до сега SPF 30 фактор, мора да земете од сега и SPF 50. Ова е само за совет, но не и решение.
Доколку црвенилото и чешањето пратено со пецкање станат неподносливи ладната вода е спасот. Следниот чекор е максимална хидратација.
Користете креми со алое вера или некои други со ефект на ладење. Потоа тука се и оние кои содржат против запални дејства, кои ќе помогнат процесот на лупење да пројде побрзо и полесно, како и антисептички средства кои ќе ја спречат инфекцијата.
Немојте да допирате запалена кожа, немојте ни самите да се лупите, едноставно дајте и време самата да се зацели. Кај помалите изгореници првиот спас е кисело млеко, добро проверен рецепт, кој поради млечната киселина дава еластичност и хидратантност, а доколку се појават и пликови на поголемиот дел на кожата, морате под итно да појдете на доктор.

You must be logged in to post a comment Login