Леонардо во Сен Тропе приреди луксузна и гламурозна журка и собра неверојатни 40 милиони фунти за Леонардо Ди Каприо Фондацијата, која се занимава со прашањата за зачувување на животната средина.
Меѓу првите звезди се појавила Кејт Хадсон во импресивна креација на Џулиен Мекдоналд, а веднаш по неа стигнала Кели Рохбах и девојката на Ди Каприо Нина Добрев.
Луис Хамилтон и Орландо Блум биле најпосакуваните ергени, додека Џон Леџенд, Силвестер Сталоне и Елтон Џон се појавиле со семејствата.
Меѓу гостите очекувано и било да се појават и манекенки, меѓу кои и Ирина Шајк, Петра Немцова, Наоми Кемпбел и многу други.
Журката се одржувала на јахта, па затоа повеќето имале облечено облека која доста многу покажувала отколку што криела.
Во продолжение погледнете ги фотографиите од галеријата.

You must be logged in to post a comment Login