Вашите обувки после целодневното носење јасно е дека ќе имаат непријатен мирис. Овдека не се работи за лоша хигиена туку за потење и обувки кои создаваат совршена средина за развој на бактериите.
За да го намалите или пак воопшто да го немате овој проблем не морате да ги уништувате обувките со често перење, туку решението побарајте го во вашиот дом.
Ви претставуваме решенија против непријатниот мирис на обувките.
1.Во внатрешноста на обувките ставете сода бикарбона и оставете да отстои до наредното утро. Наутро истресете го правот од обувките и непријатниот мирис веќе нема да се појави.
2.Ако сакате дополнително да ги освежите обувките, во боца со распрснувач измешајте малку медицински алкохол, вода и неколку капки етерично масло од лимон или портокал, и со мешавината испрскајте ја внатрешноста на обувките и оставете да се исушат во потполност.
3.Во памучните чорапи ставете прашак за пециво, сода бикарбона и малку пченкарно брашно и ставете ги во обувките. Оставете да отстојат така до наредното утро, кога ќе можете да ја забележите свежината на вашите обувки.
4.Во обувките ставете по едно миризливо марамче наменето за машина за сушење на алишта. Марамчето нека стои во обувките се додека не ги носите. Тоа ќе ја упие влагата и ќе остави пријатен мирис.

You must be logged in to post a comment Login