Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Здравје

Цисти на јајниците

Болката и чувството на непријатност во стомакот се само дел од симптомите за цисти на јајниците.

Цистите на јајниците често предизвикуваат паника, поради стравот од малигност, иако најголемиот дел од нив се потполно безопасни.
Цистите можат да се појават на било која возраст, но најчесто се појавуваат во репродуктивниот период и ретко по менопаузата.
Што се цисти?

Цистата на јајникот е меурче исполнето со течност или со полутечна содржина и се појавува на самите јајници. Секој месец нормалните јајници создаваат мали цисти, таканаречени Гаафови фоликули од кои еден е доминантен на средината на циклусот и достигнува обем и до 2,4 центиметри, а од него се отпушта зрелата јајце клетка во овулаторниот период. Кога пука фоликулот, останува жолто тело со големина од 1,2 до 2 центиметри кое е зрело и има цистична средина. Доколку не дојде до оплодување, тоа се смалува и исчезнува, а доколку дојде до оплодување, прво се зголемува, па потоа полека се смалува за време на бременоста.
Видови

Цистите на јајниците настануваат во процесот на овулација и се нарекуваат функционални, бидејќи се во рамки на функциите на јајниците, а се делат на фоликуларни и лутеални.
Повеќе функционални цисти се формираат поради зголемена хормонска стимулација или пречувствителност. Се појавуваат, на пример, при лечење на неплодност кога јајниците се стимулираат со одредени лекови, па доколку не се погоди вистинската доза, доаѓа до претерана стимулација и се создава циста.
Неопластичните цисти настануваат поради несоодветниот пораст на ќелии во јајникот и можат да бидат малигни или бенигни. Малигните можат да настанат од сите типови на клетки и ткива во јајникот, најчесто од површинскиот епител, поточно од ткивото кое се лупи за време на циклусот. Од тоа ткиво може да настанат и бенигни цисти кои се течни и исполнети со густа или течна содржина.
Ендометриумите се цисти исполнети со крв која протекла од слузокожата на матката. Полицистичен синдром на јајници е состојба при која има поголем број мали цисти на јајникот со големина од 2 до 5 милиметри кои добро се гледаат на ултразвук.
Симптоми

Кај бенигните цисти, симптомите се слични. Се појавува болка во стомакот и непријатен притисок на дебелото црево или на бешиката. Исто така, се јавува пореметување во менструалниот циклус и пореметување во јадењето.
Дијагноза

Прво се прави ултразвук кој ги прикажува морфолошките карактеристики на цистите. Едноставните цисти имаат празнина и тенок ѕид и мали се шансите да се малигни. Комплексните цисти се поделени на повеќе помали, со повеќе ѕидови и може да бидат исполнети со различна содржина. Кај нив постои сомнеж за малигни тумори. По првиот преглед, може да се направи и трансвагинален ултразвук кој подетално ја прикажува структурата на матката, а трансабдоменалниот ултразвук е уште подобро решение, поради тоа што овозможува преглед на структурата на стомачната празнина (бубрези, црн дроб, слободна течност). Се користи и доплер тест со кој се опишува крвотокот и обвивката на цистата и околните структури, преградите и цврстите делови, а во некои случаеви се врши и магнетна резонанса. По прегледот се зема дел од содржината на цистата со игла за цитолошки преглед, а понекогаш е потребна и лапаротомија за процена на поголеми израстоци на јајникот. Крајна дијагноза се поставува со хистолошки преглед.
Лечење
Кај едноставните цисти не е потребно лечење. Кај жените кои се во менопауза, доколку се појави циста, потребно е да се направи CA125 (тумор маркер за матка и јајници). Лечењето секако, зависи од причините за појава. Доколку цистите се со обем од 5 до 10 центиметри, или се комплексни, потребно е хируршко отстранување со лапароскопија или со класичен хируршки метод.
Бременост
За време на бременост, поради честите ултразвучни прегледи, цистите на јајници побрзо се воочуваат. Кај трудниците, лечењето на цистите се одвива на ист начин- бенигните само се набљудуваат и обично се повлекуваат спонтано. Останатите, кои стојат повеќе од шест месеци и се со обем од 5 до 10 центиметри, или пак делуваат сомнително, мораат хируршки да бидат отстранети. При отстранувањето на цистите плодот не е во опасност.
Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement
onwin   onwin   fixbet   onwin   onwin   mrking   holiganbet   holiganbet   holiganbet   onwin   onwin   onwin   onwin   onwin   onwin   onwin   marsbahis   betewin   betewin   holiganbet   holiganbet   holiganbet   holiganbet   holiganbet   holiganbet   fixbet   fixbet   fixbet   fixbet   fixbet   fixbet   betsat   betsat   betsat   betsat   onwin   onwin   onwin   onwin   onwin   onwin   spinco   spinco   spinco   spinco   spinco   spinco   spinco   spinco   casibom   casibom   fixbet   betewin   mrking   fixbet   betewin   mrking   spinco   betewin   spinco   betewin   fixbet   betewin   spinco   matadoret   casibom   betsat   betsat   betsat   betsat   betsat   mrking   holiganbet   betparibu   onwin   onwin   onwin   onwin   onwin   onwin   onwin   onwin   onwin   onwin   onwin   casibom giriş   casibom   betgaranti   betebet   betebet   onwin   onwin   betgaranti   betgaranti   mrking   mrking   mrking   betebet   betebet   superbet   superbet   superbet   superbet   mrking   mrking   casibom   casinoper   bahisnow   casibom   betgaranti   betgaranti   slotbar   slotbar   onwin   onwin   rexbet   rexbet