Ким Kaрдашијан со нејзиниот сопруг Kанје Вест последните денови на јуни ги поминува во Лондон. Европскиот главен град го шеташе во пастелни нијанси и изгледаше одлично.
Пастелни розови тонови се беспрекорни за Ким. Кога станува збор за изборот на облеката, комблизонот е далеку подобар избор од тесниот фустан кои ги покажува нејзините недостатоци.
Лесниот капут донесе доза на елеганција. Нема истакнато деколте и “пластична облека”, Ким изгледа многу подобро отколку во ситуации по секоја цена да предизвикува со гардеробата.
Единствената критика имаме за сандалите, кои мораше да бидат поголеми за еден број.
Ни на втората комбинација нема деколте. Доколку продолжи вака таа би можела да заврши на листата на најдобро облечените.
Ким и Канје чекаат второ дете, малата Норт Вест ке добие братче. Малата уште сега е права модна ѕвезда. Без сомнение новиот член на семејството ќе добие орман со скапоцена облека.

You must be logged in to post a comment Login