ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 2 пилешки стекови (поголеми)
* 1 јајце
* 2 кафени лажички соја сос
* 2 кафени лажички коњак
* 1 супена лажица маслиново масло
* 2 лимони (изрендана кора+сок)
* 100 г густин
* 150 мл супа од кокошка (коцка)
* 30 г шеќер
* сол (по вкус)
* масло за пржење
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
1.Во подлабок сад, измешајте го јајцето, соја сосот, коњакот, маслиновото масло и изренданата кора од 1 лимон за да добиете маринада за месото.
2.Исечкајте ги стековите на подолги парчиња, додадете ги во садот со маринадата, добро измешајте и оставете ги во фрижидер да отстојат најмалку 1 час.
3.Ставете го густинот во плитка чинија и добро посолете го. Секое парче месо убаво измачкајте го во смесата за да го подготвите за пржење.
4.Пржете ги прстите во добро загреано масло на умерена температура, а потоа оставете ги врз кујнска хартија за да се упие вишокот од маснотии.
5.За да го направите сосот, изрендајте ја кората од вториот лимон и измешајте ја со сокот од двата лимони, супата од кокошка и шеќерот.
6.Ставете го сосот во тенџерче на умерен оган и мешајте додека не почне да врие, а потоа додадете уште 1/2 лажичка густин растворен во 1 лажичка вода и мешајте постојано.
7.Пред да ги послужите прстите, во тавче без масло, на умерен оган ставете ги прстите и истурете одозгора од сосот (правете го ова во неколку тури).
8.Испрскајте ги приготвените прсти со малку сусам испечен во микро печка или запржен во тавче без масло и со ситно исечкано младо кромидче. Ммммм!

You must be logged in to post a comment Login