Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Здравје

Намирници кои помагаат при отежнато мокрење

Воспалението на уринарниот тракт е изненадувачки чест проблем кај жените. Покрај непријатно чувство и пецкање при уринирање, овој проблем, доколку не се излечи на време, може да предизвика многу поголеми компликации. Доколку ги почувствувате симптомите на воспален уринарен тракт, веднаш побарајте лекарска помош, а сојузници во борбата против бактериите ќе ги најдете во следните едноставни, но многу моќни намирници:

Увин чај

Увиниот чај е добро познат на нашите простори како едно од најефикасните средства за справување со овој вид на воспаление. Станува збор за мешавина од билки кои поволно вилјаат на уринарниот тракт и му помагаат на телото да ги исфрли бактериите. Овој чај можете да го најдете во секоја аптека и поголем маркет.

Вода

Пиењето голема количина на вода е најдобар третман за воспалените мочни патишта. Водата од мочните канали ќе ги „одмие“ бактериите кои го предизвикуваат воспалението.

Сода бикарбона

Еден од најефикасните домашни средства во борбата против воспалениот мочен меур е сода бикарноната. Во чаша вода ставете една полна лажица сода бикарбона, добро измешајте и испијте ја, најдобро помеѓу оброците или на празен стомак. Постапката повторувајте ја секој ден додека воспалението не исчезне.

Сок или чај од брусница

Покрај тоа што е вкусен, многу е ефикасен и се препорачува и на трудници кои имаат уринарни инфекции. Брусницата содржи ензими кои се идеални борци против воспаленијата во организмот. Сокот и чајот од брусница делуваат и како диуретик, што исто така помага во порбата против бактериите, а нив никако не смеете да ги засладувате со шеќер доколку имате ваков проблем.

Јогурт

Антибиотиците ги убиваат лошите бактерии, но не ги поштедуваат ниту добрите кои ја регулираат правилната работа на слузницата на телото. Пробиотиците содржат добри бактерии кои ја балансираат PH вредноста на слузницата и му помагаат на телото да се бори против инфекциите.

Лимон

Лимонот е преполн со витамин Ц, кој му помага на телото да се ослободи од бактериите. Но, не претерувајте со консумацијата на цитрусните овошја бидејќи ја нарушуваат PH вредноста на слузницата и може да ја влошат работата доколку претерате. Една лажица сок од лимон измешајте ја со 200 мл топла вода и испијте ја течноста како чај. На овој начин лимонот ќе го ублажи непријатното чувство на пецкање.

Лук

Лукот е најсилен природен антибиотик кој лечи многубројни инфекции и воспаленија, како внатрешно во телото, така и надворешно на кожата. За разлика од антибиотиците, оваа намирница делува антибактериски и антивитусно, истовремено. Во периоди на намален имунитет и воспаление во телото, зголемете ја консумацијата на лукот.

Магдонос

Магдоносот е многу моќна намирница која делува противвоспалително. Оваа билка е добар диуретик, а може да се консумира свеж (во салата или сендвич) или во облик на чај.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement