Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Секс и Врска

Колку време трае совршениот секс?

Според стручњаците, десетина минути се сосема доволни за и двајцата партнери да бидат задоволни.

Се повеќе луѓе се незадоволни од својот сексуален живот, бидејќи медиумите, филмовите и сериите наметнаа нереални очекувања. Сексолозите по прашањето околу должината на сексуалниот чин сметаат дека идеален е оној однос кој не трае повеќе од 13 минути. Се што трае подолго од тоа може да се претвори во досадно, депримирачко и заморно.

Истражувачите Ерик Корти и Џени Гвардијани анкетирале 50 членови од Друштвото за сексуална терапија, меѓу кои имало психолози, доктори, социјални работници и брачни советници кои секојдневно доаѓаат во контакт со голем број на луѓе од САД и Канада.

Од нив се барало да го оценат времетраењето на сексуалниот однос како: “прифатливо“, “посакувано“, “прекусо“ или “предолго“.

Најголем дел од испитаниците оцениле дека односите кои траат од 3 до 7 минути се “прифатливи“, а односите кои траат од 7 до 13 минути како “посакувани“, пренесува Дејли Мејл.
Изненадувачки, се што е подолго од 13 минути било оценето како “предолго“.
Во денешно време постојат многу стереотипи кога станува збор за сексуалноста и сексуалните односи, смета професорот по психологија на Универзитетот Пен, д-р Корти.
Мажите веруваат дека жените сакаат да водат љубов цела ноќ, жените пак мислат дека мажите се тие кои сакаат чинот да биде “маратонски“, а всушност и едните и другите се во заблуда.
Квалитетот на сексуалниот однос и емотивната поврзаност на партнерите се многу поважни од должината на односот, сметаат истражувачите чија цел била да се охрабрат паровите во врска со нивната сексуалност.
Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement