За оваа прекрасна фризура ви се потребни едно ластиче за коса, неколку шноли и лак за коса.
Чекор по чекор:
1.Најдобро е косата да ја измиете претходната вечер.
2.Косата соберете ја во репче и заврзете ја со помош на ластиче за коса.
3.Со помош на рацете олабавете го репчето.
4.Во просторот помеѓу репчето и ластичето за коса поделете ја косата во два дела, така што ќе добите отвор во косата.
5. Низ овој отвор протнете го репчето. Овој чекор повторувајте го додека и последнит дел од косата не го прикриете.
6.Добиената пунџа притиснете ја према темето и прицврстете ја со помош на шноли.

You must be logged in to post a comment Login