Доколку сакате здрав појадок, а немате идеја, испробајте еден од нашите 2 предлога.
Земете една кришка вчерашен леб и намачкајте ја со намаз од сирење и на тоа додадете домат (можете да користите и моцарела наместо намаз). На крајот додадете малку маслиново масло, сол и бибер, а можете и целото лепче благо да го запечете.
Вториот предлог е едноставен. Исфрлете го шеќерот и зголемете го внесувањето на протеини така што на кришката лебче ќе намачкате путер од кикирики. Можете да додадете и малку суво грозје, сусам или кикирики за да добиете повеќе влакна.

You must be logged in to post a comment Login