Иако се чини лесно секојдневното цртање на веѓи сепак знае да биде напорно и досадно.
Новата метода на јапонско цртање на веѓи ќе ви ги скрати секојдневните маки и време, а за возврат добивате трајно нацртани веѓи кои што изгледаат феноменално.

Новата метода на исцртување веѓи е вистински хит како кај помладите така и кај по старите жени, а е достапен и во нашите козметички салони кој што се специјално обучени за исцртување на оваа метода.
Јапонскиот метод е примена на пигмент која симулира природен изглед на веѓите во различна должина и дебелина. Во овој метод се користи уред, кој што навлегува во кожата многу плитко со посебен нож и се користи посебна техника на цртање која што произведува тенки и заоблени влакната од телото во природна насока на раст.
Основниот принцип на овој начин на цртање на веѓите е да се отстранат недостатоците и да се подобри природниот изглед. Влакната се привлечени од природната боја на косата која не е различна од постојните, така што ефектот е навистина природен.

Пигментот односно бојата на веѓите трае 1-2 години, но не може да гарантира свежината на боите, бидејќи нејзината стабилност зависи од внатрешни и надворешни фактори. Внатрешни фактори се вашиот тип кожа, мрсна или сува кожа, промени на кожата, итн. Надворешни влијанија се изложување на сонце, тен, козметика, особено креми со ретинол и AHAs, разни третмани и микродермоабразија . Сите овие фактори влијаат на стабилноста и издржливоста на пигмент во кожата и затоа се препорачува годишно освежување на боите.

You must be logged in to post a comment Login