Обликот на ноктите е еднакво важен колку и бојата на косата или дебелината на веѓите.
На наша радост, долгите вештачки нокти кои ги носеле Ријана и Леди Гага се тотално аут, апсолутниот хит Squoval – дел округол, дел коцкаст, овој облик на ноктите делува со многу нежност и природен изглед. Природното повторно завладеа во светот на убавината: коса, шминка, а сега и ноктите, како со облик така и со лакот за нокти.
Се носат кратки, уредени нокти, со малку коцкаст-округол облик кој изгледа безвременски, чисто и елегантно, а неочекуваните силни бои кои владееле минатата година се заменети со неутрални нијанси и природен изглед со кој вашите раце ќе изгледаат секогаш женствено и елегантно.




You must be logged in to post a comment Login