Сите кои некогаш страдале од уринарна инфекција знаат колку може да биде упорна и болна. Ваквата инфекција вообичаено е придружена со постојанa потреба за мокрење, која не се остварува и никако не е пријатна во комбинација со болката и притисокот кои се чувствуваат. Дури и кога ќе успеете да мокрите, чувството на болка е прилично изразено. Но некои природни антибиотици можат да покажат исклучителна делотворност, особено кај поблагите инфекции.
За инфекциите на ирунарниот тракт, особено за воспалението на бешиката, во голем дел од случаевите виновник е уропатогената бактерија E. Coli. Оваа бактерија е како бумеранг, па често и по третирањето знае бргу да се врати, со што конвенционалните лекови често ја губат битката бидејќи телото се навикнува на нив. Доколку сакате да се обидете да се ослободите од неа на природен начин ви претставуваме природен напиток, кој поради комбинацијата на четирите природни состојки, секоја со свое делотворно дејство, претставува моќен и природен антибиотик.
Потребни состојки
- 250g корен од магдонос
- 250g лимон со кора
- 250g мед
- 2 dcl маслиново масло
Начин на подготовка
Коренот од магдонос и лимонот со кора треба да ги исечкате на ситни парчиња, а потоа сите состојки вклучувајќи го и медот и маслиновото масло измешајте ги во блендер.
Со мешање ќе добиете кашеста смеса која треба да ја чувате во тегла во фрижидер. Секој ден наутро земајте по една супена лажица. Откако ќе го потрошите целото количество проверете дали состојбата на вашата урина е подобрена.
Напомена: Најдобро е медот да го купите од проверен пчелар, а лимонот треба да биде домашен и непрскан. Доколку не можете да најдете ваков лимон, откако ќе го купите оставете го да одстои во ладна вода во која ќе додадете малку сода бикарбона. Потоа убаво измијте го. Коренот од магдонос исто така убаво измијте го.
Што можете да направите за вашиот уринарен тракт?
Пијте што повеќе вода
Иако ова не звучи како некој посебен лек, внесувањето на доволно количество вода е најважното нешто кое можете да го направите за својата бешика. Освен што водата може да помогне да ја „измиеме“ бактерија од себе, уште поважно е тоа што ќе имате што да исфрлите при мокрењето. Трудете се да пиете што повеќе вода можете со што ќе го убрзате процесот на исфрлање на бактериите.
Одете редовно во тоалет
Не го одложувајте одењето во тоалет и не задржувајте урина. Имено со тоа им помагате на бактериите да се размножат уште повеќе. Редовното одење во тоалет го намалува нивниот број и шансата инфекцијата да се влоши.
Пијте чај од магдонос
Магдоносот делува како диуретик, а освен тоа овој пијалак го забрзува процесот на заздравувње. За да ја ублажите инфекцијата пијте чај од магдонос кој ќе го направите така што ќе ставите две мали лажици сув магдонос во 250 ml зовриена вода и ќе оставите да одстои 6 до 10 мин. пред да го исцедите.
Грицкајте краставица
Благодарејќи на големото количество вода која ја содржи, овој зеленчук е идеален за „чистење“ на бешиката. Краставицата ќе ви овозможи внесување на доволно течности и ќе ви помогне полесно да се ослободите од бактеријата.
Загрејте го долниот дел од телото
Кај уринарните инфекции болките во уринарниот тракт не се јавуваат само при мокрење. Инфекцијата може да предизвика постојана нелагодност и болката во долниот дел на стомакот. За да ја олесните болката може да ви помогне топлината која ќе ги опушти мускулите и ќе ги олесни грчевите кои предизвикуваат болка. За ова може да ви послужи топол термофор или пластично шише полно со топла вода.
Пијте сок од брусница
Брусницата често се користи како превенција за воспаленија на уринарниот тракт. Спротивно на честото мислење, брусницата не помага во лечење на бактеријата E. Coli, туку помага во превенција спречувајќи наталожување на нови клетки од оваа бактерија на ѕидовите на бешиката.
Совет
Избегнувајте чоколадо, кофеин и цитрус, бидејќи тие предизвикуваат иритација на бешиката и им помагаат на бактериите полесно да навлезат во неа. Цитрусот може да ја зголеми киселоста на урината, и да предизвика мокрењето да биде поболно.

You must be logged in to post a comment Login