Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Секс и Врска

11 работи кои ве прават добри во кревет

Спротивно на популарното мислење, нема потреба да ги знаете сите пози од Кама Сутра наизуст и да имате искуство на порно ѕвезда за да бидете добри во кревет. Наместо тоа постојат многу пореални и подостижни фактори кои ќе ве направат кралица меѓу чаршавите. Ако веќе не ги поседувате овие особини, тогаш листава сигурно ќе ви помогне за да станете посвесни за тоа како можете да се задоволите себеси и вашиот партнер подобро.

Не осудувате

Без разлика дали се работи за слушање на фантазиите на вашиот партнер, или дефинирање на вашите, отвореноста за желбите и нештата кои го возбудуваат партнерот е неопходна за добар секс. Запомнете дека фантазиите не секогаш мора да ги остварите. Тргнете ги вашите предрасуди на страна и ислушајте го вашиот партнер. Можеби ќе откриете нови и забавни нешта кои заедно можете да ги правите.

Иновативни сте

Наслонот на каучот може да биде одличен за доги стајл. Вашиот градник, одличен за врзување. Бидете креативни и најдете нови начини да го зачините вашиот сексуален живот. Имајте секс во различни простории, облечете се како порно ѕвезда, искористете ги обичните предмети како играчки во спалната. Се што ќе ви падне на памет може да го направи вашиот сексуален живот поинтересен.

Мислите на секс – многу

И тоа не само кога сакате да имате секс тука и сега, или кога ќе видите некое неверојатно згодно „парче“ на улица.  Сексот има силен ментален удел. Затоа обрнете внимание на тоа колку сензуални мисли имате или колку случајно се возбудувате во текот на денот, и не ги отфрлајте веднаш. Дозволете си на себеси да се доживувате еротски и наблудувајте што е секси во вашата близина. Вашиот мозок и вашето либидо се тесно поврзани, затоа хранете го вашиот мозок за да бидете подобри во кревет.

Способни сте да ги ставите потребите на некој друг пред вашите

Несебичноста во секое поле од животот ве прави добар пријател, но во кревет ве прави неверојатно добар секс партнер. Не велиме дека секогаш треба да ги ставате потребите на другите пред вашите (сепак, вашите оргазми се важни), но за партнерот ќе биде особено возбудливо ако од време на време се фокусирате само на неговото задоволство. Можете треба да му го направите денот со жежок орален секс (кој нема да биде предигра за она што следи, туку ќе биде за негово целосно задоволство), или пак треба да имате секс во некоја поза која нему му е омилена, но вас не ве задоволува многу. Не се работи за тоа секогаш да биде несебични, туку да го третирате партнерот онака како што сакате тој да ве третира. Вашите акти на дарежливост нема да поминат невозвратени.

Ќе пробате се (барем еднаш)

Тешко е да се биде добар во кревет ако го правите само она што го знаете, и не правите ништо друго и ново. Не мора да бидете волни да правите баш се, но треба да го имате она „можеби ќе биде забавно“ чувство. Секако, ако вашиот партнер умира да има тројка, а вам тоа не ви ни на крај на памет, не морате да го правите тоа. Но кога станува збор за нови трикови и техники истражете и пробајте што повеќе.

Уживате да се самозадоволувате

Луѓето кои се свесни за своето тело и знаат што прави да се чувствуваат добро се подобри љубовници и повеќе уживаат во сексот. Жените често забораваат колку мастурбирањето може да биде забавно, и колку задоволство може да им донесе, особено кога се во врска. Иако некои жени мислат дека мастурбирањето е помалку забавно од секс во двојка, често токму спротивното е точно. Ако мислите дека вака го запоставувате вашиот партнер, нема ништо лошо во тоа да го поканите да гледа.

Имате самодоверба

Сетете се на најдобриот секс кој сте го имале во животот, големи се шансите дека бил со секој страствен, ентузијастички партнер со многу сексипил. Сигурно не бил со некој кој се грижел за тоа како изгледа неговото тело, кој проверувал дали сите светла се угасени и кој се жалел за неговиот стомак. Сигурно сте го прочитале ова веќе милион пати, и навистина е така – самодовербата е најсекси особина која ја поседувате! Некој кој со своето однесување порачува „секси сум без разлика на тоа како изгледам“, навистина прави да му поверуваме.

Знаете кога треба да биде гласни

Способноста да се опуштите и да бидете без цензура е голем атрибут како партнер. За почеток, колку помалку се воздржувате толку сте посекси. Воедно, мажите сакаат кога партнерката гласно го изразува нејзиното задовоство. Мажите не се секогаш сигурни што жените сакаат ако не им се даде никаква насока или реакција. Бидете гласни, тоа може да биде од секси стенкање, користење на зборови или фрази, до гласно извикување.

Спонтани сте

Многу од мажите на прашањето, „што е најсекси нешто кое една девојка може да го направи“ одговараат, „да направи нешто изненадувачки или спронтано.“ Од соблекување и одење низ дома во секси долна облека, до изненадување со орален секс (да, повторно орален секс, мажите се едноставни и секогаш го сакаат тоа), вашите мали спонтани секси дела значат многу за да бидете голем секси љубовник.

Активни сте физички

Истражувањата покажуваат дека физичката активност и добриот изглед се голем афродизијак за жените, но исто може и да ги направи добри во кревет. На пример, вежбањето го подобрува вашиот фокус, го оживува вашето либидо, ја зголемува издржливоста и ви помага да се здобиете со повеќе самодоверба. Затоа, не го прескокнувајте терминот за вежбање.

Знаете да си смеете сами на себе

Некој кој е добар во кревет може да ја види забавната и хумористичната страна на секоја ситуација, а сексот е забавен. Можеби не можете да се сетите на најсилниот оргазам кој сте го имале, но секогаш ќе се сетите дека сте паднале од кревет затоа што не го процениле крајот. Кога имате секс се може да се случи, од испуштање чудни звуци, до неупешни обиди за нови пози, затоа насмејте се кога ќе ви дојде.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement