Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____избери боја

Како сами да си сплетете француска плетенка? (Видео)

Француската плетенка е тренди и во исто време класична фризура. Иако на прв поглед делува навистина комплицирано, правењето е всушност многу лесно.

napravete-si-sami-francuska-pletenka-0

Многу девојки ја сакаат оваа впечатлива фризура, но не се осмелуваат сами да ја направат.

Следен пат кога ќе посакате изгледот да го освежите со француска плетенка, не ја викајте најдобрата другарка на помош, туку обидете се сами.

Сплетете си модерна француска плетенка на овој лесен и едноставен начин:

1. На врвот од главата земете еден поголем прамен коса.

2. Поделете го на три дела.

3. Земете еден од надворешните прамени и префрлете го преку средниот прамен. Праменот кој штотуку сте го поместиле станува централниот дел на плетенката.

4. Сè уште држејќи ги другите два прамени, земете го следниот прамен од страна, додадете му малку коса и повлечете го кон центарот.

5. Постапката на земање на прамен од страна, додавање на коса и преместување кон средината повторувајте ја сè додека не ја поминете целата глава. Кога ова ќе биде готово, сте завршиле со тешкиот дел.

6. Остатокот од должината на косата исплетете ја како обична плетенка и прицврстете со ластиче.

За полесно да се снајдете околу целата постапка, погледнете го видеото:

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement