Ако сакате да ја освежите косата, а да не ја фарбате, прамените се вистинско решение за вас. Оваа техника на боење на косата е одличен начин да си поиграте со различни нијанси, но притоа треба да внимавате да одберете нијанси кои ќе одговараат на вашиот тен и очи. Со прамени може да се освежат сите бои на коса, а може да има и повеќе тонови. Оваа сезона не постојат посебни правила кога е во прашање изборот на боја, но модерни се широки и тенки прамени.
За смеѓа коса фризерите препорачуваат прамени во нијанси на коњак, мед, бакар, како и златен сјај, но само на врвовите. На блондинките најдобро им прилегаат карамел тонови и нијанси од беж до боја на песок, кои особено прилегаат на светли очи. На црнокосите и бринетите најубаво им прилегаат прамени со боја на чоколадо и лешник. За црвенокосите се препорачуваат виолетови и смеѓи тонови.
И оваа сезона модерни се цик-цак и вкрстени прамени, кои добро стојат на кратка и долга коса. Ако не сакате поголема промена, туку дискретно нијансирање, вашиот избор може да биде и “сонце во вашата коса”, прамени за нијанса посветли од вашата природна боја.

You must be logged in to post a comment Login